Светската здравствена организација соопштои дека ќе бидат потребни најмалку седум милијарди долари за обнова на здравствениот систем на Појасот Газа.
„Во Газа нема целосно функционални болници, само 14 од 36 функционираат. Постои сериозен недостиг на основни лекови, опрема и здравствен персонал“, изјави за новинарите генералниот секретар на СЗО Тедор Аданом Гебрехесус.
Тој предупредни дека вкупните трошоци за обнова на здравствениот систем на Газа ќе изнесуваат најмалку седум милијарди долари.
СЗО додаде дека нема подобрување од примирјето во Појасот Газа и дека ситуацијата со храната и понатаму останува катастрофална. ОН и претходно прогласија состојба на глад во таа палестинска територија.
.