СЗО ја препорачува употребата на новите лекови за слабеење GLP-1

0

Светската здравствена организација (СЗО) препорача употреба на нови лекови за слабеење GLP-1 за борба против растечката инциденца на дебелина, апелирајќи до фармацевтските компании да ги намалат цените на таквите лекови и да го зголемат производството, така што помалку развиените земји исто така ќе можат да пристапат до овие лекови.

Најновите упатства на СЗО вклучуваат условна препорака за лекови GLP-1, како што се Вегови, Оземпик и Мунџаро, како дел од поширок пристап што вклучува здрава исхрана, вежбање и медицинска поддршка, пишува Политико.

СЗО ја опиша препораката како „условна“ поради ограничените податоци за долгорочната ефикасност и безбедност на GLP-1, а препораката не се однесува на бремени жени.

ИЗДВОЕНИ