Светската здравствена организација (СЗО) побара од Индија информации за тоа дали сирупот против кашлица поврзан со смртните случаи кај децата во земјата бил извезен во други земји, соопшти агенцијата во понеделник.
СЗО изјави за Ројтерс дека ќе разгледа издавање глобално здравствено предупредување за сирупот Колдреф откако ќе добие официјални податоци од Њу Делхи, објави Ројтерс.
Според локалните власти, најмалку 17 деца под петгодишна возраст починале во изминатиот месец откако го консумирале сирупот, кој содржел високи концентрации на токсичното соединение диетилен гликол, речиси 500 пати повеќе од законската граница.