Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека во моментов е познато дека 99 лица починале од неухранетост во Појасот Газа оваа година и дека вистинскиот број е веројатно поголем.
Меѓу оние што починале од неухранетост имало 29 деца под петгодишна возраст, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пред новинарите.
Жителите на Појасот Газа „имаат ограничен пристап до основни услуги, се соочуваат со постојано раселување и сега страдаат од блокада на снабдувањето со храна“, рече Гебрејесус.
Тој предупреди дека неухранетоста е широко распространета и дека бројот на смртни случаи поврзани со глад се зголемува.
„Во јули беше идентификувано дека 12.000 деца под петгодишна возраст страдаат од акутна неухранетост, што е највисокиот месечен број досега регистриран“, нагласи шефот на СЗО.
Меѓународното негодување поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа го зголеми притисокот врз Израел, кој е обвинет дека користи храна како оружје, додека агенциите на Обединетите нации постојано предупредуваат за глад на опустошената палестинска територија.
Генералниот директор на СЗО повика на зголемена, континуирана и непрекината помош за целиот Појас Газа.