Обилните дождови во многу делови од Грција предизвикаа сериозни нарушувања, особено во западниот дел од земјата, бидејќи трет последователен бран бури ги погоди областите веќе заситени од претходните поројни дождови, објави „Катимерини“.
Две села во подножјето на планината Тајгетос, највисокиот планински венец на Пелопонез, беа евакуирани откако лизгањата на земјиштето оштетија згради и патишта.
Едно од најтешко погодените места беше селото Махалас во Месенија.
На островот Крф, беа пријавени лизгања на земјиште и слегнување на патишта на делови од патната мрежа.
Слични инциденти се случија во областа Агнанта во близина на Арта, додека поплави беа пријавени во Лурос, во Превеза, откако река се излеа од коритото и поплави блиско земјоделско земјиште.
Во округот Илија, селото Мазараки беше отсечено откако лизгање на земјиштето блокираше приближно 700 метри од патот.












