Полициската истрага покажа дека странски државјани, кои биле во автомобил со српски регистарски таблички, ги оставиле свинските глави пронајдени во вторникот пред најмалку девет џамии во Париз и околината, објави денес канцеларијата на парискиот обвинител.
Според полицискиот извештај, тие веројатно ја преминале границата користејќи хрватски телефонски број. Истрагата утврдила дека свинските глави биле поставени „со јасна намера да предизвикаат немири во нацијата од страна на странски државјани, кои веднаш ја напуштиле земјата“, објавува „Хина“.
„Фамер од Нормандија им рекол на истражителите дека две лица купиле 12 свински глави од него и го опишал нивното возило, кое имало српски регистарски таблички“, се вели во соопштението.
Снимките од безбедносните камери ги покажаа мажите како пристигнуваат во Париз со истото возило во понеделник вечерта, а на снимката се гледаа и двајца мажи како ги оставаат свинските глави пред неколку џамии. Тие веројатно користеле „хрватски телефонски број“ за кој беше утврдено дека ја преминал француско-белгиската граница во вторник наутро откако беа извршени злосторствата.
Шефот на париската полиција, Лоран Нунес, рече дека не може да ја исклучи можноста за странско мешање, што би ја вознемирило Франција додека се бори со фискална и политичка криза.
Тројца Срби обвинети за врски со „странска сила“ беа уапсени откако во мај осквернавија синагоги и споменик на холокаустот со зелена боја.