Од УХМР информираат дека ова утро (недела 15 јуни) во нашата Република Македонија имаме значително свежо време речиси насекаде, а времето е ведро и сончево насекаде. Најниска температури од само 6 степени е измерена во Лазарополе.
Врмето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро време.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени,
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Во главниот град и во околината максималната температура денес ќе се искачи до околу 31 степен.