Со денешниот натпревар помеѓу Палмеирас и Ботафого (18 часот) стартува плејоф фазата на Светското клупско првенство. По бразилското дерби, од 22 часот силите ќе ги одмерат Бенфика и Челзи.

Распоредот ќе биде идентичен и на вториот ден од викендот, кога први ќе играат ПСЖ и Интер Мајами, а потоа Фламенго и Баерн Минхен. Останатите натпревари ќе се играат следната недела.

Парови за осминафиналето на Светското клупско првенство: Палмеирас – Ботафого, Бенфика – Челзи, Интер – Флуминенсе, Манчестер сити – Ал Хилал, Пари Сен Жермен – Интер Мајами, Фламенго – Баерн Минхен, Реал Мадрид – Јувентус, Борусија Дортмунд – Монтереј.

ИЗДВОЕНИ