Британскиот медиум „Експрес“ во неделата објави дека бројот на туристи што ја посетуваат Хрватска нагло се намалил, што е голем удар за земјата што беше рај за туристите од Германија, Австрија, Чешка и Италија.
Хрватска беше рај и за оние кои сакаа летен одмор по пониски цени. Сепак, тие наведуваат дека цените се зголемиле за 50 проценти во последните три години, што ги става нивните најголеми конкуренти – Шпанија и Грција – во подобра позиција бидејќи се поевтини за посетителите.
Од друга страна, цените во Шпанија и Грција скокнаа за до 20 проценти во истиот период. За скок на цените се се виновни ниту стапката на данок на додадена вредност, ниту трошоците за енергија. Напротив, пишуваат британските медиуми, Хрватска може да се пофали дека е меѓу земјите со најниски цени на енергијата во Европската унија и дека стапката на ДДВ за туризам е 13 проценти.
Главниот виновник за високите цени, пишуваат тие, лежи во оперативните трошоци во угостителскиот сектор, што доведе до намален број на ноќевања и пад на туристичката потрошувачка. Дури и кога Хрватска беше на врвот на летната сезона минатата година, приходите од странски туризам беа за 0,7 проценти пониски во споредба со претходната година.
„Сè е многу поскапо од порано. Цените се ненормално високи и веројатно се зголемија два до три пати за две години. Хрватска беше нашиот прв избор за летен одмор, но сега сè стана прескапо. Не знам дали ќе се вратиме. Жал ми е што Хрватска се развива во оваа насока“, напиша еден Норвежанец на платформата за туристички прегледи.
Од друга страна, еден Британец ги споредил цените на храната и пијалоците во Ровињ во 2023 година и цените на Хвар оваа година. Тој тврди дека нема големи разлики во цените.