Светскиот јуниорски шампион во ММА, Мухамедали Садулоев (15), бил убиен во Таџикистан откако бил избоден со нож. Трагичната вест за смртта на младиот спортист, кој починал на местото на настанот, брзо се прошири низ регионалните и светските медиуми за боречки вештини.
Според достапните информации, инцидентот се случил во текот на ноќните часови, во градот Кулоб. Садулоев бил вмешан во конфронтација со група врсници во интернет-кафе. Конфликтот ескалирал, а тој добил убодна рана во градите, од која починал пред да пристигне брзата помош. Во истиот инцидент биле повредени уште двајца малолетници.
Полицијата потврди дека истрагата е во тек и дека се приведени неколку лица за испрашување. Мотивот за нападот сè уште не е официјално објавен, додека локалните медиуми објавуваат дека станува збор за ненадејна физичка конфронтација.











