Светски шампион во теквондо уапсен за изнуда

40

Светскиот шампион во теквондо, Емин Четинбаг, е уапсен во случајот за изнудување пари од крипто инвеститори, според документите на Зјузинскиот суд во Москва.

„Тој е обвинет за сторување четири кривични дела како дел од организирана група, од кои две се против државната власт, интересите на државната служба и службата во органите на локалната самоуправа, а другите две против економскиот имот“, се наведува во материјалите од случајот, до кои РИА Новости имаше пристап.

Судот му одреди притвор до 14 октомври.

Четинбаг и уште пет лица, меѓу кои и поранешни полицајци, се обвинети за изнудување криптовалути од инвеститори во Московскиот регион, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ