Светски познат милијардер предупредува: Глобална криза за три години

232
Фото: Screenshot/Youtube

Реј Далио, 76-годишен милијардер и основач на инвестицискиот фонд „Бриџвотер Асошиејтс“, предупредува на економска криза во САД и другите западни земји.

Тој го основал својот фонд пред 50 години, сведок е на бројни кризи, а сега ги споделува своите теории во новата книга „Како банкротираат земјите“.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, тој ги критикуваше економските политики, вклучително и оние на американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи на глобални економски превирања, објавува „Ноје Цирхер Цајтунг“.

Далио верува дека земјите стануваат претерано задолжени како што нивното богатство расте, што доведува до нивно пропаѓање, слично на историските примери од 1930-тите и 1970-тите. Задолжувањето е корисно ако генерира доволно приходи за отплата, но САД, на пример, трошат билион долари годишно за отплата на долг од вкупен приход од пет билиони, што укажува на неодржливост.

Велика Британија, Франција и Јапонија се соочуваат со уште полоши проблеми, а Далио предупредува дека економските тешкотии би можеле да кулминираат во рок од три години, предизвикувајќи „срцев удар“ во економијата.

Далио, исто така, истакнува дека владите во време на криза честопати прибегнуваат кон популистички мерки, без разлика дали од левата или од десната страна, што може да ја загрози демократијата.

Неговите предупредувања особено одекнаа поради неодамнешните превирања на пазарот на обврзници, сигнализирајќи можен глобален економски колапс, објавува Poslovni.hr.

ИЗДВОЕНИ