Голем светски бренд, од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија, преку ветерниот парк на „Алказар енерџи“, најави премиерот Христијан Мицкоски. Преговорите се во завршна фаза, а за кого станува збор ќе оставам да каже компанијата-инвеститор, изјави премиерот на седницата за пратенички прашања.
-Се работи за голем бренд кој е во првите три во светот во својата индустрија и ќе користи електрична енергија од ветерниот парк на „Алказар енерџи“, од македонски ветер. Ако биде прифатена мојата сугестија, во делот на тие 300 хектари земјиште „Алказар енерџи“ да инсталира и соларни панели и батерии, тогаш ќе се користи хибриден систем на производство, истакна премиерот.