ве
Стариот добар „Гол пиштол“ пристигнува во ново, супер-забавно издание.
Светската премиера на оваа култна комедија ќе се одржи вечерва (30 јули), во летното кино на Cineplexx со почеток во 21 часот.
Познатиот холивудски актер Лијам Нисон е во улога на Френк Дребин Помладиот, синот на легендарниот Френк Дребин, кој го игра неспоредливиот и незаборавен Лесли Нилсен. Во филмот глуми и Памела Андерсон.
„Само еден човек има посебен сет на вештини… да води полициска единица и да го спаси светот! Поручникот Френк Дребин Јуниор (Лиам Нисон) ги следи стапките на својот татко во „Гол пиштол“, во режија на Акива Шафер и продуциран од Сет Мекфарлан (Тед, Family Guy).
Во екипата му се придружуваат Памела Андерсон, Пол Волтер Хаузер, CCH Паундер, Кевин Дуранд, Коди Роудс, Лиза Коши, Еди Ју и Дени Хјустон.
чекуваме!