Светот објавува: Иран лансираше ракети врз американските воени бази во Катар/видео

128
Фото:принтскрин Х

Иран лансираше ракети врз американските воени бази во Катар, објави „Си-Ен-Ен“.

Иранската државна телевизија објави дека Иран започнал операција против американските бази во Катар и Ирак.

„Ројтерс“ објави дека имало извештаи за неколку експлозии во Доха.

 

Истото го објавува и „Аксиос“, тврдејќи дека од Иран кон Катар биле испукани 6 балистички ракети. Како што објавија, веста им ја потврдил израелски функционер.

„Би-Би-Си“ ги објавува истите информации, повикувајќи се на „Ројтерс“ и „АФП“. Првите снимки од нападот се веќе објавени.

 

ИЗДВОЕНИ