Светот на работ: Експлозии во клучен објект за збогатување ураниум во Иран/ВИДЕО

480
Screenshot/X

Во моќен воздушен напад во текот на ноќта, израелската војска го погоди клучниот нуклеарен комплекс на Иран Натанз, главниот објект за збогатување ураниум. Иранската агенција за атомска енергија потврди дека објектот е оштетен, но без жртви, додека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека немало истекување на радијација.

Израел потврди дека целта е „срцето“ на нуклеарната програма на Иран, а Техеран најави одговор и предупреди дека тоа е објавување на војна.

Израелската војска објави дека за време на операцијата „Стоечки лав“ извршила напад врз она што го тврди дека е најголемиот објект за збогатување ураниум во Иран – нуклеарниот комплекс Натанц. Портпарол на израелската војска изјави дека објектот го користела Револуционерната гарда за развој на воена нуклеарна програма и дека е „сериозно оштетен“.

„Го нападнавме тој подземен објект и друга клучна инфраструктура на таа локација“, изјави портпарол на израелската војска (ИДФ).

Освен Натанц, беа нападнати и градовите Тебриз и Шираз, додека израелските медиуми објавија дека Иран одговорил со лансирање на околу сто дронови, но дека сите биле пресретнати и уништени пред да стигнат до своите цели.

Иранската агенција за атомска енергија соопшти дека комплексот Натанз е оштетен во израелскиот напад, но дека досега нема информации за жртви. Комплексот, познат и како нуклеарен објект „Шахид Ахмади Рошан“, се состои од надземни и длабоко закопани подземни објекти, заштитени со бетонска обвивка дебела 7,6 метри и сместени на длабочина од 40 до 50 метри.

Ова место игра клучна улога во нуклеарната програма на Иран, а за прв пат беше откриено во 2002 година од страна на организацијата Народни муџахедини на Иран.

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, потврди дека Натанц бил погоден, но дека не е регистрирано зголемување на нивото на зрачење.

„Постојано нагласував дека нуклеарните постројки никогаш не смеат да бидат нападнати, без оглед на околностите. Ваквите напади имаат сериозни последици за нуклеарната безбедност, сигурноста и меѓународниот мир“, изјави Гроси пред Одборот на гувернери на МААЕ.

ИЗДВОЕНИ