Светот го погоди првиот топлотен бран во 2025! Еве каде температурите надминаа 40 степени

2790

Иако мај донесе променливи временски услови за многу земји, Кина веќе е погодена од топлотен бран и температурите таму се над 40 степени Целзиусови.

Ова се рекордни температури во некои области во северна и централна Кина, јавуваат државните медиуми.

Во Кина веќе неколку лета се манифестираат екстремни временски феномени. Топлотниот бран носи и суши, а чести се и поројните поплави.

Сепак, до петок се очекува намалување на овие екстремни температури, а на места ќе има вертикален пад на температурата и до 15 Целзиусови степени.

Според експертите, Кина сè уште заостанува во една од најважните цели за 2030 година, а тоа е намалување на интензитетот на јаглеродот за 65 отсто во споредба со 2005 година.

Кина минатиот месец објави дека нејзиниот капацитет за производство на енергија од ветер и сончева енергија за прв пат го надминал производството на топлинска енергија, кое главно доаѓа од електрани на јаглен.

Сепак, јагленот останува суштински во производството на енергија во Кина.

Објавена големата прогноза за летото – еве што не чека!

 

ИЗДВОЕНИ