Светкаат пешачките премини во Гази Баба

0

Општина Гази Баба почна со поставувањето светлосна сигнализација на пешачите премини. Досега е поставена сигнализација во Автокоманда, Железара и во Триангла, а ќе се продолжи и во другите населени места.

– Овој чекор не е само техничка обнова туку и јасна порака дека безбедноста на граѓаните е наша најголема грижа и одговорност. Оваа иницијатива е дел од нашата визија за модерна, уредена и безбедна општина, место каде што секој ќе може да се движи слободно, сигурно и без страв – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

 

ИЗДВОЕНИ