Поранешниот селектор на Србија, Светислав Пешиќ, кој моментно го предводи евролигашот Баерн, за кратко време донесе промени во неговата игра.

Баерн запиша неколку победи, а последната дојде во Евролигата, против тимот на Басконија (96:89), каде што најдобар поединец беше Андреас Обст со 37 поени. Токму поради оваа феноменална партија, Пешиќ имаше свое „шоу“ на прес-конференцијата.

  • Андреас е играч што не само што игра со самодоверба туку и ја гради преку одбраната. По тоа, презема одговорност. Може да прави што сака. Може да ја преземе контролата во одбраната, да нападне, да се пробие… Може да прави сè. Тој не е само одличен шутер туку и многу добар дефанзивец со топката и… „пенетратор“. Тоа е тешко за секоја одбрана – изјави Пешиќ, предизвикувајќи лавина од коментари.

ИЗДВОЕНИ