ФОТО: Instagram
Оријана Сабатини, популарна пејачка и актерка, е во брак со аргентинската фудбалска ѕвезда Пауло Дибала, кој моментално игра за Рома.
Изминатата година беше несомнено една од најпосебните години во животот на Оријана и Пауло. Актерката и фудбалерот станаа сопруг и сопруга минатиот јули, запечатувајќи шестгодишна љубовна приказна.
Изгледот и убавината на Оријана се зачудувачки, но нејзината мајка, свекрвата на фудбалерот, изгледа исто толку добро, иако има 60 години.
Катерина Фулоп е сон на многу мажи,а многу млади девојки ѝ завидуваат на нејзиното затегнато тело и магнетен шарм. Сепак, венецуелската актерка, многу позната во Аргентина, призна дека на нејзина возраст не е секогаш лесно.
„Староста е ужасна“, изјави мајката на Оријана Сабатини за Infobae, а потоа појасни: „Во смисла дека тоа е сурова игра што ја живееме. Се раѓаме, растеме, а потоа се врзуваме за луѓе кои стареат и умираат.“ И покрај сè, Фулоп вели дека живее во „прекрасна возраст каде што се чувствува безбедно дури и ако почнеш да се менуваш и да се збогуваш со некого“.
Катерина Фулоп е родена во Каракас, од мајка Венецуелка и татко Унгарец. Дебитираше во шоу-бизнисот во 1986 година, учествувајќи на изборот за Мис Венецуела. Подоцна работеше како актерка и водителка: стекна голема популарност во Јужна Америка благодарение на сапуницата „Абигејл“.
По разводот од венецуелскиот актер Фернандо Кариљо, на почетокот на деведесеттите години започна врска со својот аргентински колега Освалдо Сабатини, кого го запозна додека глумеше на снимањето на филмот „Дежате Керер“.
Двојката се венча во 1998 година и имаа две ќерки: Оријана, пејачка и актерка родена во 1996 година, и Тицијана, графички дизајнер родена во 1999 година.