Сведок на несреќата ги опиша моментите на ужас во Лисабон: Луѓето во жичницата беа преплашени/ВИДЕО

1208
EPA/MIGUEL A. LOPES

Најмалку 17 лица загинаа, а 21 се повредени во средата кога популарната туристичка атракција во Лисабон, жичарницата Глорија, излета од шините и буквално се распадна како картонска кутија. Тереза ​​д’Аво, која беше на местото на несреќата со уште еден колега, раскажа како сè започнало.

Според неа, прво забележала дека долната жичница, која речиси била запрена, „претрпела мал потрес“.

„Луѓето внатре очигледно беа преплашени и ние побрзавме да помогнеме. Набргу потоа, видовме дека горната жичарница е надвор од контрола, без сопирачки, и сите почнавме да трчаме бидејќи мислевме дека ќе ја удри онаа подолу. Но, се сврте и се удри во зградата“, рече сведокот.

Тереза ​​додаде дека службите за итни случаи пристигнале многу брзо по несреќата.

„Полицијата беше тука во рок од пет минути, а во рок од десет минути пристигна и противпожарното возило“, заклучи таа.

„Публико“ пишува дека ова не е прв пат „Глорија“ да излета од шините, иако денешната несреќа е убедливо најсериозната.

Жичарницата „Глорија“ е една од најпознатите знаменитости и туристички атракции во Лисабон.

Отворена е во 1885 година и електрифицирана три децении подоцна. Жолтите жичарници се клучен дел од транспортот во ридестиот Лисабон, а оваа посебна линија долга 275 метри го поврзува плоштадот „Рестаурадорес“ со живописната населба Баиро Алто за само три минути.

Иако ја користат и локалното население, таа е исклучително популарна меѓу туристите, кои секогаш се во голем број во португалската престолнина на крајот од летото.

Последното излетање од шините се случи поради сериозен дефект во мај 2018 година, но немаше превртување на вагоните или жртви. „Глорија“ не работеше еден месец по несреќата.

ИЗДВОЕНИ