По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука денеска во Владата ќе се одржи свечена седница, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
На 22 ноември се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Конгресот на уедничување на азбуката на албанскиот јазик претставува еден од најзначајните настани во историјата на културата, и на албанскиот народ во целина.
Од 22 ноември 2007 година, Денот на албанската азбука се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во земјава.












