Свечена седница на Владата по повод Денот на албанската азбука: Различностите ја збогатуваат заедничката национална приказна

0
Фото:Влада,фб

Владата денеска со свечена седница го одбележа Денот на албанската азбука „22 Ноември“ на која беа упатени пораки за важноста на овој ден и оти државава е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна

– Успехот е наш заеднички проект. Само ако сме обидените во почит, доверба и одговорност ќе можеме да постигнеме резултати, што ќе ја движат татковината напред –  порача премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот го честита на Денот на албанската азбука, кој, како што рече, носи силна историска и културна симболика.

На Конгресот од 1908 година, посочи, албанската интелигенција го направила крупниот чекор кон создавање на унифицирана азбука, темел на јазилната и културна кохезија на Албанците. Тоа беше чин со  длабоко европско значење, чин на модернизација образование и отвореност. Во периодот кога Балканот минуваше низ тешки прдизвици Битолскиот конгрес покажа дека силата на едно општество произлегува од знаењето, јазикот и вербата во иднината.

– Овој ден е важен и за нашата држава. Македонија е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна.  Албанската заедница со својата култура јазик, традиција и вредности е суштински дел од нашата држава.  Денес кога го одбележуваме Денот на албанската азбука,  оддаваме признание на генерации кои се бореле за образование, писменост и културен развој, но и на сите кои денес го продолжуваат тој пат – рече Мицкоски.

Нашата заедничка татковина, посочи, се темели на идејата дека секој граѓанин има еднакво место, вредност и можност.

– Токму затоа, Владата останува посветена на политики кои градат меѓуетничка доверба, создаваат простор за достоинствен развој на јазиците и културите и ја зајакнуваат кохезјата, меѓу сите наши граѓани.  Имаме амбиција и сакаме да градиме општество во кое младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи,  и сите други,  ќе ја гледаат својата иднина тука во слна и равзоена таковина. Општество во кое секој е јазик е мост а не граница, сила а не поделба, богатство а не  предизвик – истакна премиерот.

Во оваа насока, посочи, Владата активно работи на проекти кои создаваат подобар живот за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Посветени сме на унапредување на инфраструктурата и можности во секоја општина, на модернизацоја на училишта, поддршка на културни институции и отворање нови можности за младите. Во тек се програми за дигитализација на услугите, за економски развој на локалните заедници и за јакнење на институциите што се грижат за рамноправност и интеграција.

– Нашата цел е секој граѓанин во секој дел од државата да го почувствува напредокот и да знае дека државата стои зад него. Ова не е само политичка обврска, туку морална должност кон идните генерации – рече Мицкоски.

И вицепремиерот Арбвен Фетаи порача дека јазикот е средство за вклучување а не за исклучување, како и мост за комуникација а не граница меѓу заедниците.

– Нашата Влада има цел да обезбеди еднакви услови за развој на сите јазииц кои се еупотребуаватѕ во земајава као дел од современа визија за соживот – рече Фетаи.

Тој порача дека изградбата на стабилно и современо општество бара дијалог, взаемна почит и подготвеност да работиме заедно.

– Упатувам повик да живееме заедно, да градиме заедно и да чекориме заедно кон европската иднина – истакна Фетаи.

Овој ден, посочи, претставува важен момент во образовниот и културниот развој на нашата земја. Тој не потсетува дека стандардизираниот јазик не е само средства за комуникација туку неопходен чекор кон модернизацијата на општеството и изградба на функционални институции. Во градот Битола каде денес се наоѓа Музејот на азбуката беше поставен темелот на соверемното писмо на албанскиот јазок. За нас Битолскиот конгрес останува еден од најважните настани од почетокот на 20 век, кој му даде структура и стандард на албанскот јазик и кој директно вијаеше врз образованието и културните процси, подвлече Фетаи.

Според него, со одбележувањето на Денот на албанската азбука, се истакнува суштински принцип.

– Во мултиетничка држава како нашата јазичната еднаквост е дел од функцоналната демократија и од европските стандарди  за чобековите права. Модерната држава го мерат квалитетот на нивната демократија, не само преку функционалноста на институциите, туку и преку начинот на кој ги третираат јазиците на заедниците што кохезираат во нив. Во овој контекст јазичната еднаквост не е симболично прашање, тоа е демократски принцип и практика што ја приближива нашата земја кон иднинатата што ја посакуваме – рече потпретседателот на Владата Фетаи.

На 22 ноември се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Конгресот на уедничување на азбуката на албанскиот јазик претставува еден од најзначајните настани во историјата на културата, и на албанскиот народ во целина.

Од 22 ноември 2007 година, Денот на албанската азбука се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница во земјава.

ИЗДВОЕНИ