четврток, јануари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Свечена академија во Музејот на македонската борба за самостојност под покровителство на...

Свечена академија во Музејот на македонската борба за самостојност под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

72

Во пресрет на утрешниот празник Св. Климент Охридски вечерва во Музејот на македонската борба за самостојност, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе се одржи свечена академија.

На свечената академија најавено е обраќање на претседателката во 18:30 часот.

Во рамки на чествувањето на празникот утре со почеток во 11:30 часот, делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на институциите, дипломатскиот кор и на политичките партии ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на НУБ „Св. Климент Охридски“.

Празникот Св. Климент Охридски е прогласен за државен празник во земјава.

ИЗДВОЕНИ