вторник, јануари 20, 2026
Дома СКОПСКА Свечен настан по повод отворањето на новиот објект  

Свечен настан по повод отворањето на новиот објект  

22

Денеска се одржа свечен настан по повод отворањето на новата училишна зграда на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин.

– Овој ден е исполнет со посебна енергија, емоции и со многу голема надеж. ООУ „Блаже Конески“ со децении е вистински расадник на успешни приказни и генерации.  На големо задоволство на сите, дел од тие поранешни ученици беа присутни и заедно го одбележаа овој значаен момент, полн со гордост и со верба во уште поголеми успеси – соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека учениците и наставниците започнуваат ново поглавје во современо, безбедно и инспиративно училиште, изградено според највисоките стандарди.

– Општина Аеродром и понатаму им останува силно посветена на развојот и на унапредувањето на образованието, затоа што токму тука се гради иднината на нашите деца – потенцираат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ