Сузана Турунџиева е со причина многу лута: Не злоупотребувајте го името на нашата медена Атиџе

96

Сузана Турунџиева, познатата македонска пејачка, водителка, писателка… предупредува за злоупотреба на името „Медена земја“ и воедно за користењето на фотографии од Атиџе Муратова без нејзината дозвола. Апелира до јавноста да се пријавуваат вакви случаи до институциите, потсетувајќи дека Атиџе не продава мед преку посредници, фирми или интернет, туку исклучиво лично, дома кај неа.

Апелирам до сите свесни и одговорни луѓе да пријават злоупотреба на името „Медена земја“ со користењето на фотографии од Атиџе Муратова и потсетувам дека Атиџе не го рекламира нејзиниот мед. Атиџе нема фирма! Повторно и оваа сезона сакам да ве потсетам дека на пазарот секојдневно се појавуваат многу манипулатори кои го злоупотребуваат нејзиното име и продаваат мед од непознато потекло и квалитет. Внимавајте, народе, вели Сузана.

 

ИЗДВОЕНИ