Многу сексапилната македонска фолк-пејачка, Сузана Гавазова, одлучи повторно да ја остави публиката без здив. Иако е мајка на две деца, таа ја доведе својата става до точка на совршенство. Ќе се согласите со нас дека Гавазова е една од најпровокативните на македонската сцена. Секако со вкус, за разлика од некои други, без вкус, дури и одбивни, на кои им „излегува месото“ од сите страни. Кај Гавазова го нема тоа, бидејќи има само сексапил. Овој пат, таа го привлече вниманието на илјадници свои обожаватели, со жешки танци, кои ѝ се неизбежни во комбинација со вродениот сексапил.
Сузана го користи секој „кадар“ за да остави силен впечаток, а мажите остануваат без воздух. Пејачката предизвикува реакции на возбуда, поради кои посилниот пол многу му завидува на Јасмин, нејзиниот сопруг, за тоа што има една таква убавица покрај себе. Мажите ѝ пишуваат на Гавазова дека „со секој таков танц, ни стануваш вистинска фантазија во жешките летни ноќи“.
Ова, впрочем, не ѝ е првпат на Гавазова да ја потврди својата позиција на врвот од фолк-естрадата. Покрај големите хитови како, на пример, жешкиот „Бум, бум“, таа ги става своите обожаватели во голема дилема. Не знаат како да се стрпат чекајќи го нејзиното следно сексапилно видео. (Д. М.)