До крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво, со пониски утрински температури, најавува УХМР.
Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува 4 степени, а максималната 16.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 9 до 16 степени.












