Суперлигата ѝ нуди на УЕФА револуција

0
epa11035679 The draw results are shown on an electronic panel next to the UEFA Champions League trophy, after the draw ceremony for the UEFA Champions League Round of 16 fixtures in Nyon, Switzerland, 18 December 2023. EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Шпанскиот весник „Ас“ пишува дека Суперлигата испратила до УЕФА револуционерен предлог за турнир за своите лиги „Ѕвезда“, „Злата“ и „Сина“ во рамките на натпреварувањето „Унифај лига“. „Суперлигата, сега наречена „Унифај лига“, претставува нов формат за натпреварувањето. Деталите беа откриени во писмо испратено од „А22 Спортс“ до УЕФА, кое нашиот весник го доби ексклузивно. Писмото е дел од барањето за признавање на натпреварувањето по пресудата на Европскиот суд на правдата од 21 декември 2023 година, која пресуди во корист на Суперлигата“, пишува „Ас“ и продолжува:

„Унифај лигата ќе се состои од три натпреварувања: „Ѕвезда“ лига, „Златна“ лига и „Сина“ лига. Секое натпреварување ќе има 36 клуба, исто како и сегашните клупски натпреварувања на УЕФА. Квалификацискиот систем ќе го следи постоечкиот модел на УЕФА, базиран на годишните перформанси во домашните лиги“.

Најквалитетната лига, „Ѕвезда“, ќе биде поделена во две групи – А и Б, секоја со по 18 екипи. Оттука започнуваат промените кои, според А22, служат за зајакнување на конкурентноста и квалитетот на натпреварите во почетната фаза од натпреварувањето.

Групата А ќе ја сочинуваат: актуелниот шампион на Стар лигата, шампионите на шесте најсилни национални лиги според коефициентот на УЕФА (моментално: Англија, Италија, Шпанија, Германија, Франција и Холандија), преостанатите 11 клубови со највисок коефициент на УЕФА меѓу квалификуваните клубови.

Групата Б ќе биде составена од преостанатите 18 клуба, рангирани според нивниот ранг на УЕФА.

За време на групната фаза, клубовите ќе играат во рамките на своите групи. Најдобрите тимови ќе се пласираат во нокаут фазата или плејофот, во зависност од нивниот ранг.

Секој клуб ќе игра осум натпревари во групата – четири дома и четири на гости – против осум различни противници од својата група.

Од овие осум натпревари, четири ќе бидат против клубовите од првиот барабан (деветте најдобро рангирани клубови во групата според коефициентот на УЕФА), четири против клубовите од вториот барабан, а противниците ќе бидат одредени со ждрепка.

Доколку го примениме моделот на сезоната 2025/26, според моменталната ранг-листа на УЕФА, Групата А би ја сочинувале: ПСЖ (актуелен шампион), Ливерпул, Наполи, Барселона, Баерн и ПСВ како шампиони на најсилните лиги. Во случајот со Франција, петта на ранг-листата, би се појавила сомнеж бидејќи ПСЖ ја освои и националната титула.

Останатите 11 првопласирани клубови би биле: Реал Мадрид, Интер, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Леверкузен, Арсенал, Атлетико, Челзи, Бенфика, Ајнтрахт и Аталанта.

Нокаут фаза

Група А: Клубовите рангирани од 1-во до 6-то место одат директно во осминафиналето. Клубовите рангирани од 7-мо до 14-то место одат во плејофот, a последните четири клуба испаѓаат.

Група Б: Прво и 2-ро место директно во осминафиналето, 3-то до 10-то место → плејоф, а последните осум тима испаѓаат.

Системот е многу сличен на денешниот модел на Лигата на шампионите, со таа разлика што во Унифај лигата 36-те тима се поделени во две групи, наместо во една лига. „Целта е да се избегнат непропорционални дуели како оној помеѓу Реал Мадрид и Каират“, нагласува Ас.

Во плејофот (рунда од 32), тимовите ќе бидат поделени на носители и неносители. Носители ќе бидат тимови рангирани од 7-мо до 14-то место во Групата А, а неносители тимови рангирани од 3-то до 10-то место во Групата Б.

На ждрепката, носителите ќе бидат спарени со соодветните групи на неносители.

Од осминафиналето па натаму, сè се одлучува со ждрепка, при што тимовите се групирани според нивната позиција на крајот од групната фаза.

Суперлигата го менуваше својот формат неколку пати во текот на годините. Првично се залагаше за затворено натпреварување со 20-те најдобри европски клубови (15 постојани членови и пет по заслуга), без испаѓање или промоција. По повлекувањето на англиските клубови, концептот стана подемократски и поотворен, врз основа на перформансите во домашните лиги.

Новата промена на моделот има за цел да избегне нарушување на трите нивоа на натпреварување или процесот на квалификација, но воведува промени во распределбата на противниците со кои се соочуваат клубовите. Без оглед на тоа, Суперлигата сè уште се потпира на бесплатни преноси на натпревари преку сопствената платформа за стриминг Unify, а истиот модел е планиран и за женската Unify лига.

 

 

ИЗДВОЕНИ