Супербура се движи кон Европа

141

Дел од Европа ќе биде погоден од најсилната бура досега – Ејми, според службата за временски услови „Severe Weather“. Се очекуваат високи турбуленции, што ќе го отежни воздушниот сообраќај, како и бранови од 12 метри.

Северниот Атлантик во моментов е исклучително активен додека се приближуваме кон врвот на сезоната на бури 2025/2026.

Според најновите извештаи, бурата Ејми, формирана од остатоците од ураганот Умберто, брзо се интензивира и се движи кон западна Европа, носејќи потенцијално опасни услови во Ирска и Шкотска уште во петок. Инаку, сезоната на атлантски бури што ја погодуваат Европа трае од 1 септември 2025 година до 31 август 2026 година.

Бурата Ејми го означува почетокот на сезоната и се предвидува дека ќе биде најсилната атлантска бура досега, пишува „Severe Weather“. Според најновите временски модели, таа бура значително ќе влијае на Ирска и Шкотска во петок попладне.

Се очекуваат силни ветрови, со брзина од 160-190 км/ч, особено во Северна Ирска и по должината на западниот брег на Шкотска и формирање на бранови високи до 12 метри, што ќе ги загрози крајбрежните области, со можни поплави.

Се очекуваат и обилни дождови, локално над 150 мм до недела наутро. Во сабота, бурата ќе се движи кон Северното Море, носејќи силни ветрови (над 120 км/ч) и високи бранови кон Холандија, северна Германија и Данска.

Исто така, се очекува зголемен ризик од турбуленции во воздушниот сообраќај. Се очекува и засилена бура, а нејзиниот врв се очекува пред да ја погоди Западна Европа.

ИЗДВОЕНИ