Подготовката на здрави и сочни рибни специјалитети е често проследена со јак и упорен мирис на печена или пржена риба, кој тешко се отстранува и може да остане на рацете, чиниите, па дури и во просторијата.
За среќа, постојат неколку едноставни трикови кои може да ви помогнат во тоа. Доколку рибата подолго време била во сад, во неа ставете варен црн чај и мирисот веднаш ќе исчезне.
Во текот на подготовката на рибата, додајте неколку капки лимонов сок во маслото во кое ја печете или пржите рибата. Исто така, садот во кој ќе ја чувате рибата до сервирањето, може да го избришете со половина лимон за да се неутрализира мирисот.
За да го отстраните мирисот на риба од рацете, талогот од турското кафе е одличен сојузник, само истријте ги дланките, а потоа измијте се со сапун.
Додека ја подготвувате рибата, препорачливо е да ги отворите прозорците и да овозможите циркулација на воздух. Дополнително освежување може да направите така што во тенџере ќе зовриете вода со кора од лимон и ќе ја користите како освежувач за просторија.
Доколку ви е потребно побрзо решение, ставете малку оцет во сад и оставете го во близина на местото каде што ја подготвувате рибата, тоа ефикасно ќе помогне во отстранување на непријатниот мирис.












