„Сумамедот во аларм: Антибиотик од последна линија стана лек за секојдневие“

49

Фондот за здравство очекува поголема одговорност од матичните лекари кога е во прашање давањето на антибиотици без потреба. „Минатата година го зголемивме нашето вреднување на матичните лекари, сега очекуваме зголемена одговорност од нивна страна. Тоа значи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување антибиотици и анксиолитици. Имаме само за тие две групи ограничување за препишување, изјави  директорот Сашо Клековски.

Втората мерка која ФЗО ја планира е  Е-рецепт, кој треба да обезбеди позадинска контрола на индикациите и дозирањето. Ова поради тоа што Фондот има загуба од несоодветно препишување и од издавање поголеми колични.  Е-рецептот е тестиран кај матичен лекар и во аптека и очекуваат да стартува во 2026 година.

– Системот ќе ги заштити и докторите од притисоците да се пропише готова терапија, бидејќи ние знаеме дека некогаш притисокот доаѓа и од осигурениците, од граѓаните дека сакаат некој лек да го добијат без оглед дали тој е соодветен за нивната индикација. Важно е и јакнењето на јавната свест. За нас најкритична е употребата на сумамед, кој треба да биде антибиотик за последна линија на одбрана, а минатата година имавме 23 отсто зголемување во неговото издавање – рече Клековски.

Од ФЗО велат дека средствата за ставање нови лекови на позитивната листа, според прелиминарните податоци, се зголемени за околу пет милиони евра, од 3,2 на 3,5 милијарди денари, што спроед него, не е одраз на зголемувањето на бројот на лекови на листата, туку е одраз на зголемената консумација. Е-рецептот е неопходен заради контролите и намалување на неоправданата употреба и да се зголеми оправданата употреба на лекови. На позитивната листа се уште имаме премногу стари, евтини лекови кои се лесно достапни, а ни недостигаат малку поскапи лекови од новите генерации кои не се на листата – додаде Клековски.

ИЗДВОЕНИ