Судскиот совет делел оценки од „ракав“?

Пратеникот Антонио Милошоски го оспорува последниот избор на судии

661

Пратеникот Антонио Милошоски го оспорува изборот на судии во скопска апелација, вели дека има бројни пропусти и сомеж за кривично дело. Изборот стана актуелен веднаш по објавување на имињата и поврзување на дел од унапредените судии со државни функционери. Пратеникот тврди дека „ ниту записниците, ниту двете ранг-листи на кандидати за избор на судии за Апелацискиот суд Скопје, не се потпишани и верифицирани во полн состав од Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судија во повисок суд, која мора да има тројца членови, а потпишани се само двајца“ пратеникот го објави записникот на Комисијата и ранг листата на кандидатите на кои се потпишани членовите на Судскиот совет, Миљазим Мустафа и Ивица Николовски. Според Правилникот за избор на судии во повисок суд, комисијата треба да брои тројца членови избрани по пат на ждрепка. Тие расправаат и одлучуваат на состанок, поените што им ги доделуваат на кандидатите се собираат па се делат со бројот на членови на комисијата. Милошоски тврди дека предложената ранг-листа е ништовен акт врз кој не може да се остваруваат права, ниту можело да се продолжи со процесот на селекција.

Пратеникот кој имал увид во запсиникот и ранг листата вели дека кандидатите биле оценувани без образложение, огласот бил пред три години па не се водело сметка за постигнатите резултати на кандидатите до денот  на нивниот избор.

„Дополнително, со вчерашниот избор се дискриминирани и оние судии кои кога бил распишан огласот во 2023 година не ги исполнувале условите, но сега во моментот на избор веќе ги исполнуваат, а сепак вчера им било ускратено правото да учествуваат како кандидати и со тоа неосновано биле дискриминирани“ пишува Милошоски.

Пратеникот  тврди дека Судскиот совет не смеел да го направи изборот бидејќи еден од кандидатите водел управен спор за постапката на оценување. Вели дека претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски стоил кривично дело.

„Иако бил известен пет месеци пред седницата, тој како претседател на РСС не постапил по конечно решение на Врховниот суд и правосилна пресуда на Управниот суд, со кои се укажува на сторени суштински повреди од страна на Судскиот совет на Законот за општата управна постапка и погрешно утврдена фактичка состојба во постапката на оценување на еден од кандидатите, што е спротивно на одредбите од Законот за Судскиот совет“ пишува пратеникот.

На крајот Милошоски потсетува на изгласаната недоверба на петтемина членови на Судскиот совте од страна на Собранието која во иднина би можела да биде причина за оспорување на одлуките на ова тело, меѓу кои и унапредувањето на судиите. (П.А.)

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ