Во петокот, претседателот на ентитетот Република Српска во БиХ, Милорад Додик, доброволно дојде во Обвинителството на Босна и Херцеговина, во придружба на неговиот адвокат, на сослушување како осомничен во истрагата поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Напад врз уставниот поредок, потврди Обвинителството на БиХ, информира „Ал Џезира“.
Истиот ден, како што се додава, постапувајќи по предлог на Обвинителството на БиХ, осомничениот беше изведен пред Судот на Босна и Херцеговина, каде што се одржа рочиште на кое Судот на БиХ донесе одлука со која го прифати предлогот на Обвинителството на БиХ и го укина притворот на Милорад Додик, со оглед на тоа што беше утврдено дека причините поради кои претходно беше одреден притворот повеќе не постојат.
Изречена е и мерка за задолжително периодично пријавување до надлежниот државен орган.
Мерките на забрана изречени според оваа одлука можат да траат колку што се потребни или додека не донесе поинаква одлука од страна на Судот, беше објавено.
Образложението за времетраењето на изречените мерки за забрана ќе се разгледува на секои два месеци.
„Осомничениот е посебно предупреден дека може да биде приведен доколку ги прекрши обврските од изречените мерки за забрана“, се заклучува во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на БиХ, објави „Ал Џезира“.