
Швајцарскиот суд во понеделник соопшти дека Жак Морети, сопственикот на барот „Ла Констелашн“ во Кран-Монтана, каде што избувна пожар за време на новогодишната забава и загинаа 40 лица, може да биде ослободен со кауција, пренесе „Бета“.
Како што објави „Ројтерс“, Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага по обвинение за убиство од небрежност, а Жак беше приведен на 9 јануари поради ризик од бегство.
Во пожарот за време на новогодишната забава беа повредени и 100 лица, а парот Морети вети дека ќе соработува со обвинителите во случајот.











