Судир на два воза во Словачка: Најмалку 100 лица се повредени/ФОТО/ВИДЕО

36
screenshot video X

Најмалку 100 лица се повредени во судирот на два воза во Словачка, а според досегашните информации, нема загинати, објави словачкиот портал TA3.

Според извештаите, несреќата се случила денес околу 10:00 часот во близина на селото Јаблонов во Турња, кога два експресни воза се судриле на местото каде што се вкрстуваат двата шини.

Портпаролот на Словачките железници, Јан Бачек, изјави дека причината за судирот сè уште е под истрага.

„Во моментов, приоритет е спасувањето и евакуацијата на патниците и нашите вработени“, рече тој.

На местото на настанот се испратени пет амбулантни возила и еден спасувачки хеликоптер. Полицијата соопшти дека судирот се случил пред тунелот и дека патниците постепено ги напуштаат возовите.

Како што е наведено, полицијата го обезбедува местото на несреќата, ја координира работата на спасувачките служби и го насочува движењето на луѓето во областа.

ИЗДВОЕНИ