Дванаесет лица се полесно повредени во судир на два автобуси денеска попладне на А1 кај излезот на Вучевица во близина на Сплит.
Во КБС Сплит се дознава дека од 12-те примени пациенти тројца имаат главно скршеници и се преветивно задржани во болница на набљудување.
Сообраќајната несреќа во која учествувале два автобуси се случила околу 13 часот и 45 минути на автопатот А1 во близина на Вучецица во насока кон Загреб.
На местото на несреќата веднаш се упатени служби од Итната медицинска помош, полиција и пожарникари.
Во текот на попладнето на местото на несреќата е направен увид.
Неслужбено се дознава дека сите повредени лица се полнолетни хрватски државјани кои се враќале од аџилак.