Два регионални авиони на „Делта ерлајнс“ се судрија со мала брзина додека се приближуваа кон пистата, при што лесно беше повредена стјуардесата, а немаше повредени патници, соопштија аеродромските власти и авиокомпанијата Делта ерлајнс.
Инцидентот се случил во среда вечерта кога летот 5155, подготвувајќи се за полетување, удрил во трупот на летот 5047, кој штотуку слетал. На снимка од разговор со контролата на летање, може да се слушне како пилотот вели дека крилото на другиот авион им го закачило носот и пилотската кабина, оштетувајќи го ветробранското стакло.
🚨🇺🇸#BREAKING | NEWS ⚠️
Two Delta planes have collided while texting at LaGuardia airport in New York City when a wing of one of the planes that collided detached from the plane.The flight departed from Charlotte airport, Delta flight
(#DL5047) landed and was taxiing to the… pic.twitter.com/r6pJO34shq— Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) October 2, 2025
Едно лице е однесено во болница со повреди кои не се опасни по живот, се додава во соопштението. Делта соопшти дека член на екипажот на еден од авионите претрпел полесни повреди.
Аеродромот, еден од најпрометните во САД, не беше затворен поради инцидентот.
Делта, матичната компанија на „Ендевор Ера“, соопшти дека ќе соработува со соодветни агенции за да утврди безбедносни мерки по она што го опиша како „судир при мала брзина“ за време на „таксирање“ на пистата.