Судијката го почна судењето за Кочани и вети: Ќе дојдеме до правдата

1086
Фото: П. Стојановски

“Знам дека барем името ми го знаете тоа се врти со месеци”, вака го почна судењето судијката Диана Груевска по што се престави и ги кажа правилата на судењето.

Побара дисциплина за време на рочиштето, странките имаат право на една опомена на втората ќе бидат отстранети, кажа судијката.

Фото: П. Стојановски

Ќе имаме респект кон тагата и болката на роднините на жртвите сите ќе имаат право да си ја кажат својата верзија на случајот и да предложат докази. Ќе бидеме транспарентни, вети Груевска. Не можам да ветам брзина може да се направи грешка колку ќе трае судењето никој не знае, апелирам на трпение и дисциплина рече судијката. Ќе дојдеме до правдата, вети таа пред полната судница. (П.А.)

Фото: Ѕ. Плавевски, П. Стојановски

Започнува судењето на 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“

ИЗДВОЕНИ