понеделник, март 2, 2026
Дома СВЕТ Судијка на ОН осудена на шест години затвор за поробување на млада...

Судијка на ОН осудена на шест години затвор за поробување на млада жена во Британија

262

Судијката на Обединетите нации, Лидија Мугамба, е осудена на шест години и четири месеци затвор бидејќи принудувала млада жена да работи како робинка во Велика Британија, објавија денеска британските медиуми.

Лидија Мугамбе (50) го искористила својот статус на „најлош можен начин“ во однос на млада жена од Уганда за време на докторските студии на Правниот факултет на Универзитетот во Оксфорд, соопшти судот, пренесува лондонски Гардијан.

Судот истакна дека Мугамбе во март беше прогласена за виновна за заговор за олеснување на кршењето на британскиот имиграциски закон, олеснување на патувањето со цел на експлоатација, принудна работа и заговор за заплашување сведоци по судењето.

ИЗДВОЕНИ