вторник, јануари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Судијата Ѓоко Ристов замина во домашен притвор

Судијата Ѓоко Ристов замина во домашен притвор

63

Доцна попладнево откако Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителот за куќен притвор и осомничениот си замина на домашна адреса.

Како што претходно објаснија од ОЈОГОКК таквата мерка ја процениле од субјективни причини иако кај судијата истрагата тврди дека во кујнскиот ѕид биле криени парите вкупно 350.000 евра обвиткани со алуминиумска фолија во десетина парчиња.
-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против Ѓ.Р. , по произнесување на осомничениот и надлежниот јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на ОЈО се прифаќа и на осомничениот му се определува мерка куќен притвор како и дополнителна мерка за обезбедување присуство, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова.
Со оглед да осомничениот, кој се товари за две кривични дело и тоа Перење пари и други приноси од чл. 273 ст.1 и Против правно стекнување и прикривање имот од чл. 359 – а ст.3 вв ст.1 од КЗ, е Апелационен судија, судот, пред одлучување, предлогот на ОЈО го достави до надлежниот Судски совет на РСМ, кој одлучуваше по однос на судискиот имунитет, а по добиена согласност од Советот, го прифати предлогот.
Против ова решението странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, стои во соопштението на судот.

ИЗДВОЕНИ