понеделник, февруари 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Судиите Ристов, Гајдова и Зимбовска ја одбиле жалбата на адвокатот на Ѓаволот

Судиите Ристов, Гајдова и Зимбовска ја одбиле жалбата на адвокатот на Ѓаволот

613

Апелационите судии, Ѓоко Ристов-претседател на Кривичниот совет, Габриела Гајдова и Лидија Зимбовска- членови на советот, се судиите кои одлучувале по жалбата за притворот на обвинетиот Љупчо Пецов викан Ѓаволот. Меѓу нив е и судијата, преку кој притворениот екс правобранител Фехми Стафа и ветувал на сестрата на Пецов дека за износ од 100.000 илјади евра, затворскиот притвор ќе биде заменет со домашен, така објави обвинителството за организиран криминал.  Кривичниот совет чело со судијата Ристов, денови пред да биде исплатена втората транша од митото, на 2 декември жалбата ја отфрла како неоснована.

Во своето образложение објавено на веб страницата на второстепениот суд стои дека Основниот кривичен суд правилно оценил кога му одредил затворски притвор на Пецов и оти гаранцијата од милион евра не е соодветна за да ги отстрани околностите што укажуваат на основан страв да осомничениот ја попречува кривичната постапка со влијание на соучесниците и да го повтори криминалот со даночното затајување.

Во жалбата адвокатот Стафа, кој викендов заврши  во истражниот затвор за сторено кривично дело барање награда за влијание кај судија, била приложена медицинска документација за здравствената состојба на Пецов. Сепак кривичната тројка од апелација која одлучувала по жалбата смета дека камења во жолчка не се опасност по животот на обвинетиот.

„Па по оценка и на овој суд правилно постапил првостепениот суд кога го донел обжаленото решение“ пишува во образложението на решението за одбивање на жалбата.

Поранешниот правобранител е осомничен за барање и земање поткуп од сестрата на неговиот клиент Пецов со кои пари, според истрагата на ОЈОГОКК , требало да „се купи“ судиското влијание при одлучување во жалбена постапка. Првично примил 30, а фатен е со 20.000 евра пред околу десетина дена.  (П.А.)

ИЗДВОЕНИ