Апелациониот суд преку соопштението до јавноста вели дека жалбата на обвинетиот Љупчо Пецов, за кој неофицијално притворениот адвокат, Фехми Стафа, барал поткуп да влијае кај судија, е одбиена и тоа се случило пред неколку дена.
„За се останато што е во интерес на јавноста, а врзано за конкретниот предмет, одлуката со образложени причини за истата, Ве известуваме дека ќе биде објавена во целост и достапна на веб страната на судот, велат од второстепениот суд, каде на втори месецов Кривичен совет од тројца судии едногласно ја одбил жалбата која стана актуелна по истрата на ОЈОГОКК во која е притворен екс правобранителот Стафа за примање поткуп од 50.000 евра.
-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите во врска со постапувањето по кривичниот предмет KСЖ-1214/25, оформен по жалба на осомничениот Љупчо Пецов од Неготно, информира дека:
Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје со решение КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година едногласно ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување мерка притвор и определување мерка за обезбедување присуство на осомничениот – гаранција.
Согласно наведеното, во сила е останато решението за определување притвор по сите основи од член 165 став 1 точка 1, 2 и 3 од ЗКП и тоа сметано од денот на пронаоѓање и лишување од слобода.
Понудената гаранција во услови кога мерката притвор е определена и опстојува и по основот од точка 2 од член 165 став 1- „постои основан страв дека ќе ги сокрие фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците вештаците соучесниците или прикривачите“, не е дозволена и како таква законски не била предмет на разгледување и одлучување од страна на советот на овој суд.
По завршување на жалбената постапка Решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година е доставено до Основниот кривичен суд на 11.12.2025 година на понатамошно постапување“, стои во соопштението на Апелацискиот суд од Скопје.
Стафа во притвор, во Апелација за истргата дознале од медиумите











