Судењето за обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо, што се случи во мај 2024 година, ќе започне на почетокот на јули, објави новинската агенција TASR.
Судењето треба да започне во одделот на Специјализираниот кривичен суд во Банска Бистрица на 8 јули, објави новинската агенција TASR, повикувајќи се на претставник на Специјализираниот кривичен суд.
Според портпаролката на судот, Катарина Куѓакова, „Јурај Цинтула (71) е обвинет за терористички напад“.
Тој се соочува со доживотна казна затвор за пукање и тешко ранување на Роберт Фицо по вонредниот владин состанок во Хандлова на 15 мај минатата година, кога словачкиот премиер претрпе повеќекратни рани од огнено оружје, а полицијата го приведе атентаторто на местото на настанот.
Јурај Цинтула првично беше обвинет за обид за убиство со умисла, но во јули 2024 година обвинението беше прекласифицирано како терористички напад.