петок, февруари 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Субвенција од 5.000 евра за купување електричен автомобил

Субвенција од 5.000 евра за купување електричен автомобил

52

Владата на Србија денес ја усвои Уредбата за условите и начинот на спроведување на субвенционираната набавка на нови возила што имаат исклучиво електричен погон, а за овие цели се издвоени 170 милиони динари.

Рокот за поднесување барања за набавка на нови електрични возила е од 1 март до 30 септември годинава, а субвенцијата за правни и физички лица е до 5.000 евра – во зависност од видот на возилото, објави Владата по седницата.

Барањата за субвенции се поднесуваат исклучиво електронски, преку порталот е-администрација.

Уредбата предвидува, меѓу другото, поедноставени процедури и забрзан процес на аплицирање, што дополнително ги мотивира граѓаните и правните лица да купуваат поеколошки возила, а државата ја потврдува својата јасна посветеност на развојот на еко-мобилноста и создавањето почиста животна средина за сите граѓани.

ИЗДВОЕНИ