петок, февруари 27, 2026
Дома СКОПСКА Субвенција од 10.000 денари за младите – за полагање возачки испит

Субвенција од 10.000 денари за младите – за полагање возачки испит

14

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б-категорија, наменета за младите лица на возраст од 18 до 25 години.

Станува збор за мерка што првпат се реализира во Општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилноста, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување.

Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека Општина Ѓорче Петров продолжува со мерките што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница. Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за младите, во рамките на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки.

ИЗДВОЕНИ