Градот Скопје ќе им ги надомести на граѓаните дел од трошоците за купување на инвертери, за што е распишан и јавен повик.
Во соопштението од Град Скопје се наведува дека целта е зголемување на употребата на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување, кои како што велат градските власти се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.
Надоместокот ќе изнесува најмногу до 20.000 денари по домаќинство.
Според јавниот повик, право на учество имаат жители на градот Скопје кои набавиле инвертер клима уред за затоплување на домаќинство во периодот од 1.1.2025 година до завршување на јавниот повик, кои ќе поднесат барање за надомест на трошоците. Условите за начинот на пријавување на јавниот повик и негово спроведување се достапни на веб-страницата на Град Скопје.