понеделник, март 2, 2026
Дома СКОПСКА Субвенции од Општина Илинден за набавка на велосипеди 

Субвенции од Општина Илинден за набавка на велосипеди 

18

Општина Илинден и оваа година  доделува субвенции за набавка на велосипеди. За таа цел распиша јавен повик.

Од Општината информираат дека со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на нејзината територијата, а кои ќе набават нов велосипед во периодот од 02 март до 30 април 2026 година.

-Целта на повикот е поттикнување на користењето велосипеди како еколошко превозно средство, како и унапредување на сообраќајната култура изаштитата на животната средина – велат од локалната самоуправа.

Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице.

Општинските власти велат дека барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно според датумот и времето на нивното пристигнување.

Сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да ги добијат на официјалната веб страница на Општина Илинден ([email protected]), како и во просториите на Општината.

ИЗДВОЕНИ