Општина Гази Баба ќе надомести дел од трошоците за набавка на печи на пелети за 2025 година. За таа цел е објавен јавен повик.
– Станува збор за надоместување до 50 % од трошоците за набавка на печки на пелети, но не повеќе од 30.000 денари за домаќинство, со вклучен персонален данок на доход – информираат од локалната самоуправа и додаваат дека средствата се обезбедени согласно со Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2025 година.
За оваа субвенција може да аплицира секое домаќинство со живеалиште на територијата на Општина Гази Баба што ќе набави печка на пелети по објавувањето на овој повик во 2025 година и ќе достави соодветна документација.
Рокот за аплицирање е до 30 ноември 2025 година или додека не се исцрпат средствата.
Подетални информации за критериумите, потребната документација и за формуларите за аплицирање се достапни на:www.gazibaba.gov.mk или директно во просториите на Општина Гази Баба.