Студот од север ќе стегне од утре, во петок снег

124

Од утре попладне до петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m².

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира снежна покривка. Температурата на воздухот значително ќе опадне.

ИЗДВОЕНИ